(ФОТО) Феномен: Тинејџерка паднала во кома и после четири дена се разбудила со дете во прегратка!

18. годишната Ебони Стивенсон на 2. декември се подготвувала за спиење со страшна главоболка. Наместо тоа паднала во кома и се разбудила четири дена подоцна, на изненадување на сите, со бебе во прегратка…
Студентката по спортска физиотерапија цело време чувствувала утрински мачнини, но ниту стомакот и пораснал ниту менструациите и изостанале.
Немала поим дека има две матки од кои во една се криело бебе. Таа е еден од 3.000 случаи кога жените се раѓаат со две матки. Во нејзиниот случај, само една матка имала јајцеводи, додека другата воопшто ги немала, што значело дека нејзините шанси да остане бремена се минимални.


🤙🏽🤙🏽🤙🏽

Gepostet von Ebony Stevenson am Sonntag, 26. Februar 2017


После низа напади, Ебони била префрлена во болница каде лекарите откриле дека има преекламасија,пореметување во бременоста кое, ако не се третира правилно, може да предизвика сериозни последици, во тешки случаи дури и смрт на детето. Токму преекламасијата предизвикувала напади.
„Воопшто не размислував за тоа дали би сакала да имам деца, барем не идните десет години. Никогаш ине помислив дека ќе бидам млада мајка. Средбата со моето бебе беше нестварна. Тоа беше вонтелесно искуство“, раскажала 18. годишната девојка.


Elodie Rae💗

Gepostet von Ebony Stevenson am Mittwoch, 19. Dezember 2018

Нејзината мајка, Шер, раскажала што точно се случило тој ден кога нејзината ќерка завршила во болница.
„Се пожали на главоболка и пред воопшто да стаса до бањата падна на подот. Веднаш повикав брза помош, а до нивното доаѓање имаше уште пет напади. Лекарите ме прашаа дали е бремена, на што јас упорно тврдев дека сигурно не е. Но, силината на нападите предизвика поместување на бебето во стомакот и така го направи видливо. Ебони конечно имаше труднички стомак“, рекла Шер.
Гордата баба била прва која малечката Елоди ја земала во прегратка.
„Бев пресреќна бидејќи е здрава, но неможев да се радувам додека мојата ќерка беше во кома“, рекла среќната мајка и баба.

Gepostet von Ebony Stevenson am Sonntag, 17. Februar 2019

Четири дена после породувањето Ебони била во индуцирана кома.
„Пред воопшто да дојдам на себе после будењето од кома, дознав дека сум родила, дека имам две матки, од кои една секој месец редовно произведувала менструација, додека другата се грижела да родам здраво девојче. Сега звучи страшно, но бев толку збунета и сигурна дека згрешиле така што првиот момент ги молев да го тргнат детето од мене. Тогаш мајка ми се’ ми објасни после што ја земав во прегратка. Тоа беше толку убав момент“, раскажала за „Мирор“ младата мајка.

Фото: Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Велики петок

Велик петок На Велики Петок Црквата ги споменува смртта и погребението на Господ Исус Христос …