(ФОТО) Родителите предупредиле:„Нашата ќерка има церебрална парализа бидејќи други ја бакнуваа во уста“


Тиган Бејлис е родена како здраво бебе, но кога имала само две недели, ја бакнал некој настинат кој, меѓу другото, имал херпес. Потоа и таа била заразена со вирусот на херпес, што е незначителна инфекција за возрасни, но не и за така мало бебе кое сеуште нема развиено доволно јак имунолошки систем за борба против него.
Откако забележале дека нивната ќерка чудно се однесува и изгледа многу уморно, нејзините родители, Ребека и Тони, ја однеле на преглед во болница. И покрај нивната брза акција, Тиган остатокот од својот живот е мора да се носи со дијагнозата на церебрална парализа.

https://www.facebook.com/teigansmile/photos/a.869864083108952/1728698687225483/?type=3


Токму поради тоа нејзините родители покренале кампања со која настојуваат да ги предупредат другите луѓе да не ги бакнуваат децата во уста.
„Сакаме да ја прошириме свеста за тоа, бидејќи во исто време кога Тиган беше на одделот во болницата, истото му се случи и на друго дете, но него не успеаа да го спасат“, раскажал таткото.
Ребека нагласила дека никогаш никој не би требало да дозволи други луѓе да ги бакнуваат нивните деца во уста, но и дека и самите родители би требало да размислат за тоа.
„Понекогаш е најдобро детето да се бакне во чело“, вели Ребека.

https://www.facebook.com/teigansmile/photos/a.869864083108952/1812143265547691/?type=3


Првиот симптом кој тие го забележале кај нивната ќерка, освен замор, биле необичните движења со рака. Иако, до доаѓањето во болница, медицинската сестра се обидела да ги убеди дека со детето е се во ред, лекарот веќе после првиот преглед ги потврдил неговите сомневања, икако што велат, им се урнал светот.

Foto: Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Енергија директно од природата: Nutrino Lab Energy Boost – нова природна линија на производи од Baby Food Factory

  Заборавете на сите брзи решенија за енергија, бидејќи вистинската, трајна енергија доаѓа од природата. …