Откриената порака станала вирална на социјалните мрежи…
Откако нејзините родители ја продале камп приколката, едно австралиско десетгодишно девојче им напишала слатко писмо на новите сопственици и го оставило во фиока до нејзиниот кревет заедно со прекрасна бела нараквица.
Пронајденото писмо гласи:
„Здраво, моето име е Попи и имам 10 години. Ова порано беше наша камп приколка и со неа пропатувавме повеќе од половина Австралија. Ова беше мојот кревет (горниот кревет) и беше многу добар.
Have you ever found a hidden message? This is simply beautiful ❤️This handwritten letter was found in a drawer as a…
Gepostet von ABC Adelaide am Montag, 10. August 2020
Попи објасни дека во фиоката ги чувала сите свои посебни работи, кои не можела да ги остави зад себе за време на патувањето.
„Се надевам дека уживате во овој кампер и имам порака за вас: ‘Следете ги вашите соништа и ако се сомневате дали сте биле во право или сте биле љубезни, изберете љубезност’“.
Не изненадува фактот дека семејството од Бризбејн, кое го купи овој караван, решило да ја сподели нејзината порака на Фејсбук, каде што собрале повеќе од 90.000 лајкови, а ентузијастичките следбеници коментирале дека Попи е легенда.