(ФОТО) ЕМОТИВНО И ТАЖНО – „Те сакам и ми недостигаш“: Осум години од смртта на Пол Вокер

На денешен ден, пред точно осум години, во сообраќајна несреќа животот го загуби познатиот актер Пол Вокер, ѕвездата на филмовите „Брзи и бесни“.
Неговата ќерка Медоу Вокер објави фотографија од нејзиниот татко на Инстаграм, како ја држи како бебе во рацете.
„Те сакам и бескрајно ми недостигаш“, напишала Медоу.

Вокер почина на 30. ноември 2013. година, на 40-годишна возраст, додека се возел со пријателот и финансискиот советник Роџер Роудс тоа попладне, во Порше во Санта Кларита, Јужна Калифорнија.
Роџер, кој бил на возачкото седиште, изгубил контрола над автомобилот, кој потоа удрил во столб за светло, удрил во дрво, по што автомобилот експлодирал.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …