(ФОТО) Елизабет Харли (56) позирала во бикини па со вајаното тело го урнала Инстаграм

Елизабет Харли практично живее во бикини. 56-годишната актерка 365. дена ужива на сонцето и објавува жешки фотографии на Инстаграм за да ја разбуди имагинацијата на нејзините следбеници.
„Конечно сонце, море и уште сонце“, напишала таа покрај фотографијата на која позира во дводелен костим за капење и го покажува своето извајано тело.


View this post on Instagram

A post shared by Elizabeth Hurley (@elizabethhurley1)


Очекувано, луѓето ја опсипуваа со илјадници лајкови и комплименти на сметка на нејзината фит фигура. Ако се прашувате која е тајната, нејзината филозофија е прилично едноставна. Таа навистина не сака теретана.
„Преферирам да вежбам правејќи нешто“, открила таа за списанието Women’s Health.
Со други зборови, таа прави чучњеви додека ги мие забите или готви ручек, ги шета своите кучиња секој ден и често работи во градината.


„Многу сум активна. Попрво ќе се занимавам со домашна работа отколку да одам во теретана. Подобро да ги бришам прозорците и огледалата, а тоа согорува калории и ги зајакнува мускулите”, рекла таа.
И таа е во право. Избришете ги прозорците од надвор и внатре и за само 30 минути ќе согорите до 126 калории ако сте жена или 149 калории ако сте маж.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …