(ФОТО) Ексклузивна фотографија од новиот филм за Индијана Џонс – потврдено кога ќе го видиме Форд во легендарната улога

Петтиот дел од франшизата филмови за уникатниот Индијана Џонс доаѓа во летото 2023 година, а на Твитер се појави првата фотографија од новиот дел од приказната за најголемиот акционен истражувач.


Прославувајќи го 90-тиот роденден на познатиот композитор Џон Вилијамс (петкратен добитник на Оскар) кој компонираше музика за претходните четири дела од култната авантуристичка франшиза „Индијана Џонс“, главниот актер на многу успешната сага Харисон Форд, филмаџиите Џејмс Меголд, Кејтлин Кенеди и Фран ги поздравија присутните обожаватели и му го честитаа роденденот на композиторот на прославата „Војна на ѕвездите“ во Калифорнија.

Џон Вилијамс, иако во години, ќе компонира музика за петтото продолжение на носталгичната, авантуристичка приказна за најпознатиот измислен археолог на сите времиња.
Заедно со Харисон Форд, тие ќе играат Фиби Волер-Бриџ („Fleabag“), Мадс Микелсен („Фантастични ѕверови: Тајните на Дамблдор“), Антонио Бандерас („Болка и слава“).
Режисер е Џејмс Менголд („Форд против Ферари“), додека Кејтлин Кенеди, Френк Маршал и Сајмон Емануел се продуценти, а Стивен Спилберг е извршен продуцент.
Одбројувањето до летото 2023 може да започне.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …