(ФОТО) Ед Ширан го занемарил кралскиот протокол, и го збеснал принц Чарлс

Не може секој да го знае кралскиот протокол, но очигледно во случајот на славниот Ед Ширен, закажала службата за протокол, или пак…
Несериозниот гест на популарниот пејач Ед Ширан за време на доделувањето на МБЕ наградите во Бакингемска палата предизвикал големо медиумско внимание.

26. годишниот пејач ја држел раката на принцот Чарлс за време на доделување на наградата, што е во спротивност со правилата на британската монархија, според која секој физички контакт со членовите на кралското семејство е строго забранет, освен кога се ракува.
И’ покрај овој пропуст, пејачот се чини дека добро поминал, пишува Independent.
„Тој ме праша дали моите албуми сеуште се продаваат добро и му реков дека следниот ден имам концерт во Њујорк. Тој беше многу изненаден кога дозна дека летот ме чека веднаш по церемонијата” рекол Ширен.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …