ГАБРИЕЛА Мунро Даглас (33) не забележала колку личи на војвотката од Кембриџ, сè додека луѓето не почнале да и приоѓаат на улица и да и бараат автограм. Тие честопати ја пресретнувале и викале: „Еј, ене ја принцезата!“
Нејзината мајка ја убеди да заработи од нејзината сличност. Веднаш штом се пријавила во агенцијата „Сузан Скот“ за двојници, почнале да пристигнуваат понуди од сите страни. Сè започнало во 2011 година како споредна работа.
View this post on Instagram
Габриела веднаш договорила бројни јавни настапи, па решила да ја напушти работата како дизајнер на мебел, на која работела дотогаш. За да изгледа како војвотката што е можно повеќе, Габриела поработела на нејзиниот стил и начин на шминкање, а нејзините напори вродиле со плод.
View this post on Instagram