(ФОТО) Џенифер Лопез објавила фотографија од кревет со модринка на окото…

Пејачката Џенифер Лопез на Инстаграм загрижила бројни обожаватели откако објавила фотографија на која има покриена модринка на око…
Американската пејачка и глумица, Џенифер Лопез (49) на Инстаграм ги шокирала фановите откако објавила вознемирувачка фотографија на која има покриена модринка на окото. На фотографијата пејачката лежи на креветот со превез и облога на повреденото око.



Џенифер покрај фотографијата напишала „гламурозен живот“. Иако сеуште не се знае точната причина за повредата, музичарката со објавата загрижила многубројни следбеници кои не се навикнати на вакви фотографии,а многумина се запрашале дали пејачката ќе биде во состојба да ја одржи планираната турнеја.



Да потсетиме, Лопез, моментално е на својата четврта турнеја „It’s my party tour“, која ја организирала како своевидна прослава на 50. роденден. Во склоп на турнејата ќе одржи вкупно 36. концерти и тоа на четири континенти – Северна Америка, Европа, Азија и Австралија.
Инаку пејачката јубилејните 50. ќе ги наполни на 24. јули. Со оглед на нејзиниот беспрекорен изглед на многумина им е тешко да поверуваат дека Лопез ќе наполни половина век.



На прашањето како го одржува младоликиот изглед одговорила дека нејзините три тајни се: го контролира внесувањето на кофеин, не конзумира алкохол и долготраен и квалитетен сон.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …