Деновиве Џенифер Лопез ги подготвува децата за маскенбал
Џенифер Лопез вообичаено можеме да ја видиме во поелегантни дневни изданија и нејзините омилени чевли со високи потпетици, но овој пат таа решила да го промени стајлингот и да обуе патиките.
Причината за ова е семејна дружба на која таа и Бен барале костими за децата за да бидат подготвени за претстојната Ноќ на вештерките, пишува Daily Mail.
Пејачката ги замени своите вообичаени високи потпетици за еден пар патики, кои ги носеше со се уште актуелните широки панталони. Над нив носи едноставен бел џемпер, а косата и е врзана во класично ниско опавче. Комбинацијата е идеална за завршување на секојдневните задачи низ градот.
Нејзиниот сопруг, актерот Бен Афлек цело време ја придружувал во потрага по костими. Парот не се одвојува од децата од другите бракови, па често ги гледаме како заедно уживаат во семејните активности.