(ФОТО) Џек Николсон шокирал со изгледот: Има 160. килограми

Виден е на натпревар на својот омилен НБА тим. Лејкерсите ги следел во друштво на синот Реј и боксерот Флоид Мејвотер во првиот ред па не успеал да ги одбегне папараците…
Џек Николсон со децении ја носел титулата на холивудски заводник но се чини дека на тоа му дошол крај. Освен што легендарниот глумец во април наполни 80. години, се чини дека повеќе не се грижи за својот изглед.
Се чини дека Џек Николсон го погодила иста судбина како и Марлон Брандо. Странските медиуми пред неколку месеци пишувале дека глумецот тежи повеќе од 160. килограми, а новите фотографии потврдуваат дека тоа не е далеку од вистината.
Имено, неодамна е виден на натпреварот на својот омилен НБА тим. Лејкерсите ги следел во друштво на синот Реј и боксерот Флоид Мејвотер во првиот ред па не успеал да ги одбегне папараците.Некои ја забележале и лузната на стомакот на Николсон, а американските медиуми контактирале лекари кои тврдат дека станува збор за лузна со рез каков што се прави при вгрдување премосница на желудникот.

Инаку легендарниот глумец на големото платно не сме го гледале веќе седум години. Последниот филм во кој заигра бил „How Do You Know’.
Во филмот „Departed“ глумеше покрај Леонардо ДиКаприо и Мет Дејмон. Иако имал 70. години на Николсон тогаш годините „добро му стоеа“.


Ласкавата титула заводник ја имал уште во 1989. година кога во „Бетмен“ на Тим Бартон го играл Џокер.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …