(ВИДЕО+ФОТО) Убива за 60. минути: Ова е најопасно место во светот

Во 1940. ттите во бизина на езерото Карачај била сместена тајна руска фабрика за изработка на нуклерно оружје и плутониом. Денес езерото е затрупано со цемент, а околното население е изложено на радијација…
Прекрасното езеро Карачај се наоѓа во Русија и толку е убаво што ви застанува здивот. Но, колку што е убаво толку е и смртоносно.
Имено, Карачај е службено најзагадено место на планетата и за само еден час престој во близина на тоа езеро можете да примите смртоносна доза на радијација.Причина за огромните количества зрачење е блискиот нуклеарен погон кој со работа престанал на 29. септември 1957., после несреќата во која откажал системот за ладење.
Во текот на 40. ттите години на минатиот век во близина на езерото бил сместена тајна фабрика за изработка на нуклеарно оружје и плутониом. Станувало збор за советски проект за атомски бомби.
После Втората светска војна, Советскиот Сојуз заостанувал со развојот на нуклерниот арсенал во однос на САД, па набргу се работело на истражувања и развојни проекти за да се произведе доволно количество ураниум и плутониум.
Имено, плутониумот испушта алфа зрачење кое главно минува низ нашето тело. Доколку се судри со молекулите во нашиот организам, односно со молекулите од јадрото на станицата, можат да настанат серизони оштетувања на хромозомите.Нуклеарната фабрика во градот Озерск е изградена во брзање помеѓу 1945. и 1948. година, а дупките во знаењето на советските физичари оневозможиле исправна проценка на сигурносните одлуки.


Во тие фази на развој не се земале предвид еколошките проблеми. Во почетокот високо радиоактивниот отпад се одлагал во блиската река кој го водела до реката Об патувајќи понатаму до Арктичкиот океан.
Подоцна езерото Карачај се сметало како магазин на отворено, а после експлозијата на нуклеарниот дел во 1957. радијацијата станала смртоносна.
Населението било евакуирано, но и покрај тоа голем број луѓе не сакале да се преселат па и ден денес вдишуваат контаминирана прашина и воздух и пијат загадена вода.На езерото сепак не се приближуваат а нивото на смртност и рак очекувано е огромно.
Карачајското езеро денес е затворено со цемент чија намена е радиоактивниот талог да го држи подлеку од брегот. Низводно, во реката Теча скоро и да нема траги од радијација,а нагорните токови се загадени па од нив уште стотина години нема да биде сигурно да се пие водата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот актер Кире Печијаревски

Кире Печијаревски е роден на 3 мај 1949 година во Скопје. Тој е македонски филмски …