(ФОТО) Да не беше оваа жена, мажите уште долго ќе ги запираа автомобилите и ќе ги бришеа стаклата рачно

Автомобилите можеби се машки работи, но една жена, Мери Андерсон, во 1903 година, патентирала механички бришачи на шофершајбната.
Отпрвин, пронајдокот на Мери Андерсон наишол на остри критики, па дури и на потсмев. Многу луѓе сметале дека бришачите на шофершајбната го одвлекуваат вниманието на возачот додека вози. Вообичаениот начин на чистење на шофершајбната за време на патувањето, на почетокот на 20 век, вклучувало запирање на возилото и негово рачно бришење.
Нејзиното откритие се случило за време на патувањето во Њујорк, кога забележала дека возачите, за време на дождот, мораат да го отворат прозорецот на автомобилот за да го видат патот пред нив.


Потоа направила бришачи кои се управувани од самото возило. Механизмот, кој се состоеше од рачка, лост и обложена гума, е стандарден дел од опремата во САД од 1916 година, а по истекот на законот во 1920 година, нејзиниот изум се користел во автомобилската индустрија ширум светот.
Мери Андерсон немала многу од својот патент за време на нејзиниот живот. Обидите за готовина од правото на производство на бришачи биле во голема мерка неуспешни. Единствениот приход што го заработи од својот патент била еднократна провизија за доделување на производствени права за одреден период, но условите биле многу неповолни за неа.
Денес, на сите автомобили е вграден пронајдокот на Мери Андерсон.
Инаку, како разноврсна, прагматична и многу способна, Мери Андерсон успешно се занимавала со градежништво, сточарство и одгледување грозје.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …