(ФОТО) ЧУДО ИЛИ ПРИРОДЕН ФЕНОМЕН ВО КАЗАЊ: Во заледеното езеро се прикажале Богородица и Исус!

Во манастирот Раифски во Казањ, блиското езеро се замрзнало, а на површината се појавиле фигури на светци.
Чудо во Казањ или природен феномен?

Оваа зима се појавиле неверојатни слики во замрзнатото езеро, како фрески какви се наоѓаат во манастирот. Станува збор за Богородица со Исус. Верниците се собираат, а сликите за ова чудо се проширија низ целиот свет.
Манастирот Раифски се наоѓа на 27. километри од Казањ и е основан во 17. век. Основан е од монахот Филарет, по смртта на неговите родители, кога тој го донираше целото свое богатство на манастирот Чудов во Москва.
Филарет живеел како монах во овој манастир, а по смртта на патријархот Ермоген, на 12. јануари 1612. година, станал јеромонах и се преселил на југ, покрај Волга.



Богородица на Филарет му се јавила во сон и го насочила кон езерото. Тој пристигна во Казањ и прво живеел во манастирот Спасо-Преображенски, а потоа основал ќелија покрај реката Суми (Раифско).
Филарет умрел во 1659. година и започнала изградбата на манастирот. До 1689 година, манастирот бил направен од дрво, а бидејќи изгорел по голем пожар, бил изграден нов.


Манастирот Раифски Богородица е машки и е опкружен со прекрасно езеро и борова шума, која е прогласена за природен резерват. Манастирот го добил името по место на брегот на Црвеното Море, каде христијански монаси (во Раифа и Синај) биле убиени од пагани во 4 век.

Фото: Facebook/ скриншот Црква во Јунковац и Араповац


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …