(ФОТО) ПЕЈАЧОТ ОТКРИЛ ДЕКА МУ Е ПРОНАЈДЕН ТУМОР НА МОЗОКОТ: Објавил селфи и порачал:„Повеќе не се сеќавам на НЕКОИ ДЕНОВИ, тука има некаква магла!

Том Паркер (32), еден од пејачите од групата „The Wanted“, на својот Инстаграм објавил фотографија и на обожавателите им порачал дека има тумор на мозокот.
Имено, тој додал дека два дена пред да се направи сликата, открил дека е болен.
Веста, признава тој, го скршила и тој е благодарен на неговото семејство за поддршката што му ја пружа во овој тежок период од животот.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Tom Parker (@tomparkerofficial)


Тој објаснува дека станува збор за глиобластом – вид на тумор за кој сè уште не е најдено ефикасно решение. Во големата благодарност до семејството, тој посочува дека „тие дотуркаа далеку од моментот кога му била соопштена потресната вест“.
Во оваа прилика сопругата ја нарекол вистински борец, бидејќи покрај него се грижи и за нивните две деца, Аурелија Роуз и Бодија, кои немаат ниту две години.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tom Parker (@tomparkerofficial)

„Два дена откако беше направена оваа фотографија, дознав дека имам тумор од четврта фаза и тоа ми го сврте целиот свет наопаку. Не се ни сеќавам на некои претходни денови. Како да има магла во која живеев. Но, поминавме долг пат од моментот кога дознав од што страдам. Ви благодарам на сите за љубовта и поддршката што ми ја дадовте овие месеци. Благодарение на моето семејство и пријатели, кои се таму за да им помогнат на децата, куќата … Мојата убава сопруга, која се грижи за сè, борец е“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tom Parker (@tomparkerofficial)

„Ветувам дека ќе продолжам да известувам, без оглед на тоа каков чекор ќе направам. И да, се надевам на фантастична 2021 година“, напишал Том под фотографијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tom Parker (@tomparkerofficial)

Фото: instagram.com/tomparkerofficial/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Забава со Влатко Стефановски Трио, Каролина, Кирил Џајковски, Нокаут, Ареа, Фолтин, Страјк и Диџеј Гоце, и Битолски камерен оркестар – 21-ви септември по многу нешта ќе е посебен ден!

Желбата за дружење, за добра музика но и за омиленото пиво се работи кои се …