(ФОТО) Брижит Макрон повторно во акција: Прво појавување на француската прва дама по епидемијата!

Првата дама на Франција, Брижит Макрон, со дополнителна претпазливост, полека се враќа на своите должности, но слободното време го користи и за активности што ја прават среќна.
Јавноста копнееше по првата дама на Франција, Брижит Макрон (67), која не ја напушти Елисејската палата од затворањето на таа земја поради коронавирусот.
Сега таа го надополнува тоа, па покрај тоа што веќе го имала првиот официјален настап кога посетила болница во близина на Париз, слободното време го користи и за активности што не минуваат незабележано од страна на фото-репортерите.


За оваа пригода, првата дама носела палто во измиена црвена боја до колената, црни тесни фармерки кои се нејзин заштитен знак, а имала чизми до глуждот во иста боја, со ниска потпетица. Она што го сменила е формата на очилата.Сега носи многу актуелна форма, тркалезни очила за сонце кои се многу популарни ова лето.
Таа била видена како вози велосипед низ улиците на француската престолнина, а тоа е рекреација што Брижит ја сака и практикува долго време, често и со сопругот Емануел.


View this post on Instagram


🚴🏼‍♀️ #brigittemacron #macron #premieredame

A post shared by Brigitte et Emmanuel Macron (@lesmacron) on


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …