(ФОТО) Британскиот заводник и понатаму освојува: Хју Грант во нова животна улога – на татко!

Британскиот глумец Хју Грант снима нов филм, а на недамнешната промоција спомнал и детали од семејниот живот, кој ретко го експонира.
Вечниот шармер, Хју, воодушевува, како на платното така и вон него. Додека говорел за новиот филм, признал дека животот му е хаотичен. Иако неодамна тврдел дека не сака да биде татко. Хју денес има пет деца!


Хју Грант (58) се оженил со долгогодишната девојка Ана Еберштајн, на опуштена церемонија во Челси, во мај оваа година. Парот има три деца, но не открива информации за нив. Ги чуваат ситните детали од својот семеен живот, па фановите се воодушевени со можноста да дознаат некој детал за татковството на актерот.
Глумецот спомнал дека времето го минува со Пенелопе Круз, додека нивните деца си играат:
„Со муабетиме додека децата се обидуваат да се испотепаат. Таа е прекрасна. Да, би сакал да минам време со неа, во било што“.
Глумецот не рекол со кои деца бил, но знаеме дека Пенелопе има две – синот Ли од седум и девојчето Луна од пет години.

„Имам пет деца и животот ми е потполно хаотичен. Секогаш сум за работа на сценарио или режија, но сега едноставно немам време“, објаснил Хју. На прашањето дали ги гледа своите деца во актерските води, рекол дека му текнало дека и тие би можеле да тргнат по неговите стапки и се пошегувал дека ги видел на училишна сцена и забележал дека им недостасува талент.

Познатиот заводник бил во долга врска со убавата глумица Елизабет Харли, но во 2000. година се разделиле, после 13. заеднички години. Но, парот останал во добри односи.

Познат како заколнат ерген во 2015. година за магазинот „Пеопле“ изјавил:„Не верувам во брак. Видов само неколку добри примери. Можеби пет во мојот живот, но генерално мислам дека бракот е рецепт за колективна жалост“.
Од заколнат ерген, без деца, само четири години подоцна Хју се претворил во татко на пет деца.

Прашината за бурниот живот на глумецот се кренала кога се дознало дека Хју има три деца кои ги добил со сегашната сопруга, шведската телевизиска продуцентка Ана Еберштајн.
Имено, Ана била бремена кога била и’ уште една љубовница на Хју, кинеската глумица Тинглан Хонг, со која Грант има две деца.
„Хју е доста незапирлив. Може да ја има секоја жена која ќе ја посака. Тој е вистински заводник кој ги обожува сите жени. Неговиот живот изгледа вака – секоја ноќ, друга жена“, раскажувале тогаш пријателите на Хју.

View this post on Instagram

#HughGrant #HughGrantPics #HughGrantPhotos #AnnaEberstein

A post shared by Hugh Grant ™ (@hugh.grant.official) on

Во 2014. година првпат говорел за семејството и децата за еден весник, и тогаш за шведскиот магазин Nöjesbladet за сопругата Ана Еберштајн рекол:„Ние сме многу добри пријатели. Таа е одлична мајка“. Ана му родила три деца.
Хју Грант признал дека во текот на својата кариера губел љубови и добри личности бидејќи правел лоши потези. Така, за време на прекинувањето со сегашната сопруга Ана, настаналот дете со рецепционерката Хонг, малечката Табита.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …