(ФОТО)Бред Пит и Џенифер Анистон „фатени“ како се бакнуваат: Фотка за која се говори во светот!

„Вечерта ја поминале мирно, разговарајќи за некогашните денови. Се’ било како некогаш, само поубаво и подобро. Иако не се каат поради браковите, тие се потсетиле дека им е убаво кога се заедно“, тврди извор близок до парот.

Минатата недела почнаа гласините дека поранешниот брачен пар навистина е виден заедно и дека за нивното смирување е „виновен” актерот Џорџ Клуни.
Ваквата гласина се потврдиле со фотографија која ја објавил американскиот таблоид “Star” на насловната страница.
Американските медиуми пренесуваат дека Џенифер испратила шофер по Пит и Клуни по забавата по повод доделувањето на Оскарите, со цел да дојдат во нејзиниот дом.
„Вечерта ја поминале мирно, разговарајќи за некогашните денови. Сè било како некогаш, само поубаво и подобро. Иако не се каат поради браковите, тие се потсетиле дека им е убаво кога се заедно“, тврди извор близок до парот.
Портпаролот на Џорџ Клуни ги демантирал пишувањата на ова списание кое наведува дека тие двајца се пресреќни бидејќи тој повторно ги споил.
„Џен не сака јавноста да знае за смирувањето бидејќи таа неодамна се разведе“, додал истиот извор.


 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …