(ФОТО) Браќата Нуне го промовираа првиот албум „По патот“

„Браќа Нуне“ – Филип и Раде Нуневски, минатата недела го промовираа своето првенче, албумот „По патот“.
Во хотелот „Queеn’s“, пред многу гости, соработници, новинари, пријатели, се одржа промоцијата каде Филип и Раде отсвиреа во живо и дел од музиката на албумот, а водители беа Лила Филиповска и Ване Маркоски.
Овој албум е прв солистички и авторски на Браќа Нуне. Во него се појавуваат и соработници и гости како Светолик Нуневски ,Милан Завков, Милан Кацарски, Николче Мицевски, Златко Миладиновски, Војче Петрушев,Никола Митровиќ,Али Латифов, Далибор Ефтимовски, Дејвид Демир и Горан Гешовски воедно и продуцент на овој албум.
„На овој албум е работено повеќе од една година и се состои од 11. композиции. Очекуваме истиот да наиде на добар прием oд публиката“, велат браќата.
На самата промоција, гостите имаа можност да го набават новиот албум, а со средствата собрани од истиот, Филип и Раде ги израдуваа дечињата од „СОС Детско село – Македонија“ со новогодишен подарок.
Потсетуваме дека, пред овој прв солистички албум, најзначајна за нив е и соработката во оркестарот на Есма Реџепова.
Албумот е веќе пуштен во продажба.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …