(ФОТО) Нови детали од снимањето на филмот „The Irishman”: Роберт ДеНиро во необични чевли

Роберт ДеНиро и Ал Пачино се двете имиња кои сигурно мораат да се појават во секоја дискусија за најдобрите глумци на сите времиња. Но, откако се објавени новите детали за снимањето на филмот „The Irishman” најмногу се зборува за чевлите на ДеНиро.
Во идниот фил на Мартин Скорцезе, „The Irishman”, ДеНиро и Пачино после долги години заедно ќе се појават на големиот екран, поради што многу внимателно се следи секое снимање.
Нетфликс, за новата драма за криминалот, досега одвоил 105. милиони долари, а се појавиле и првите сцени од снимањето во Њујорк.


ДеНиро во текот на снимањето носел чевли со висок ѓон за да ја достигне посакуваната висина, што на социјалните мрежи предизвикало бројни коментари, покрај останатите и дека неговите чевли потсетуваат на оние на девојките од групата „Спајс гирлс“.
Дејствието на филмот „The Irishman” е базирано на вистинскиот крими роман „I Heard You Paint Houses” кој ја донесува приказната за врската на мафијашки шеф и платениот убиец Френк Ширен, Ирец, кој го глуми Роберт Де Ниро.
Ширен имал богата кариера и бил вклучен во бројни злосторства во седумдесеттите години, вклучувајќи го и исчезнувањето на Хоф кој на првиот состанок му рекол „Слушнав дека сликате куќи“ што е всушност фраза со која му дава до знаење дека знае дека Ирецот е убиец.
Џо Пеши го глуми Расел Буфалин, мафијаш кој наводно го одредил Ширен да го убие Хоф.
Светската премиера на филмот е планирана за 2018. година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …