(ФОТО) Skopje City Mall како во европските метрополи, сјае во новогодишни бои

Остануваат уште неколку дена до најлудата ноќ во годината и меѓу луѓето владее новогодишна еуфорија. Оваа позитивна енергија е најприсутна во Skopje City Mall, каде деновиве е актуелна Магичната сказна.


Големата новогодишна елка како во европските метрополи, прекрасните декорации и сијалички ја доловуваат најавтентичната атмосфера која на сите им предизвикува празнично расположение, надополнето со звуците од богатата програма со харфа, саксофон, театарски престави и сл.


Во рамки на Магичната сказна на Skopje City Mall се организираат многу интерактивни содржини, креативни работилници, музички настапи, можност за интересно фотографирање во духот на новогодишните празници и други забавни содржини. За време на викендите се организираат театарски претстави, а тука е и Дедо Мраз кој ги раскажува своите најинтересни приказни секој петок, сабота и недела.
Од вчера започнаа и новогодишните намалувања во речиси сите локали во трговскиот центар, а попустите се движат од -30% до -70%, вистински императив за сите шопингхоличари.
Од трговскиот центар известуваат дека работното време на 29 и 30 декември ќе биде продолжено до 23 часот (не е обврзувачко за сите локали). За прв пат оваа година Skopje City Mall 1-ви јануари го прогласува за неработен ден. Ќе работат само маркетот, киното, кафе-баровите и рестораните. Деталите за работното време на локалите можете да ги погледнете на фотографијата подолу.
Од Skopje City Mall ги повикуваат сите да уживаат во богатата програма која ќе трае до 9 јануари 2018 година и да ја почувствуваат веселата новогодишна магија. Деталите за активностите и сите дополнителни информации можете да ги погледнете на www.skopjecitymall.mk/skazna.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …