(ФОТО) Болеста однела уште една легенда:Ја одбил титулата „витез“, не добил ниту еден Оскар, а бил сакан од цел свет!

Британскиот глумец Алберт Фини починал во 83 година, после куса болест, соопштило неговото семејство.


Се прославил со филмовите „Том Џонс“, „Сабота навечер, недела наутро“ и „Ноќта мора да умре“. Го глумел Херкул Поаро во „Убиство во ориент експрес“ од 1974. година. Меѓу последните филмови му се „Борновиот ултиматум“ од 2007. и „Повторно во игра“ од 2004.


Пет пати бил номиниран за Оскар но ниту еднаш не го добил. Ја одбил титулата витез наведувајќи дека системот на титулите е „вечен снобизам“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …