(Вознемирувачко видео) Правда – Силувале дете па крвнички го замолчиле: Двајца мажи во Јемен јавно погубени – за пример!

Јемен е една од малубројните земји во светот во која смртната казна е легална, а на извршувањето присуствуваат дури и деца.
Рефат (28) и Калед (31) се осудени поради киднапирање, силување и убивање на момче кое е грабнато од еден маж додека си играло покрај куќата.
Тие двајца наводно го довлекле во својата куќа и силувале.
При изрекувањето на пресудата на парот судијата рекол:„После силувањето не можеле да го запрат плачењето на детето кое молело за помош па еден од нив грабнал нож и му го скршил вратот“.
Сите пресуди за смртна казна мора да ги ратификува претседателот на Јемен и обично вклучува одред за стрелање.

Прекршоците обично се насилни дела како убиство, силување и тероризам, но смртната казна може да се искористи и за дела кои се во спротивност со шеријатските закони, како што се прељуба и непочитување на Бог.
Тројца други мажи претходно се убиени и обесени на кран за слично злосторство кое вклучува дете.


Уште еден педофил кој силувал четиригодишно девојче исто така е стрелан а потоа обесен сите да го видат.
Директорката на „Човекови права“, Сара Ли Вајтсон го осудила изрекувањето на смртната казна во Јемен.
„Јавното извршување е уште погротексно кршење на човековите права, посебно во земја во која способноста на обвинетиот да добие соодветно правно застапување и покриеност на процесот е многу ограничено“, вели таа.

Извор: The sun
Фото: Screenshot

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …