(ФОТО) Богати обланди

Состојки:
300 г шеќер
300 мл млеко
250 г маргарин
1 лажица какао
3 – 4 ребра чоколадо
2 кесички ванилин шеќер
250 г мелени и сечкани ореви
200 г мелени бисквити
150 г суво грозје
рум
1 пакување обланди
Подготовка:
Во соодветен сад ставете 300. г шеќер со 300. мл млеко да зоврие. Додајте ги исечканиот маргарин, чоколадото и продолжете да варите на ниска темература уште 10 – ина минути. Додајте го ванилиниот шеќер.Оставете малку да се излади и во млакиот фил вмешајте ги мелените ореви, сечканото суво грозје и бисквитите. По желба додајте рум. Млакиот фил намачкајте го на обландите. Обландите притиснете ги со нешто тешко и оставете да отстои.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници Кога Царот, седејќи на осле, влегол …