(ФОТО) Непечен ролат со банани

Потребно е:
300 г мелени бисквити
200 г маргарин
100 г шеќер во прав
150 мл млеко
3 лажици млеко
3 крем банани
6 парчиња бисквити со желе (јафа)
2 банани
100 г чоколадо за готвење
2 лажици шеќер

Подготовка:со миксер изматете 150. г маргарин со шеќерот во прав. Исклучете го миксерот, додајте ги бисквитите, 150 мл млеко, сечкани крем банани, секани бисквити со желе (јафа), и се’ убаво соединете.
Од добиената смеса на работна површина формирајте кора. На работ ставете ги излупените банани и завиткајте ролат.
Најдобро е се’ да правите на подлога покриена со прозирна фолија за полесно да се витка.
Префрлете во долга чинија и во фрижидер.
На пареа истопете го чоколадото, 3 лажици млеко, 50 г маргарин и 2 лажици шеќер. Со истопената и полуизладена смеса полијте го ролатот. Вратете во фрижидер и кога убаво ќе се стегне послужете.
Идеален колач кој може да го подготвите од останати бисквити…


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …