Актерката Алиса Милано го слави својот 52 роденден, а решила да го одбележи со фотографија без шминка, која и стана традиција.
Ѕвездата од серијата „Charmed“ сподели селфи на Инстаграм, истакнувајќи дека на нејзиното лице нема ни капка шминка.
„Вака изгледаат 52 години. Без шминка. Без филтри. Среќа“, порачала таа.
Обраќајќи им се на своите следбеници, славеничката продолжила па рекла: „Ве сакам сите. Дури и троловите. Ако можете да мразите странец – јас можам да сакам странци. Значи…ве сакам.”
View this post on Instagram
Прославувањето на роденденот со селфи на Инстаграм без шминка стана традиција за актерката во последните неколку години.
Минатиот декември објави фотографија во пижами, исто така без ништо на лицето, а за својот 50-ти роденден сподели фотографија со опис сличен на овогодинешниот.
Милано се приклучила на трендот на познати дами кои решија да ја одбијат шминката, а една од предводниците на движењето е Памела Андерсон, која на бројни настани годинава го привлече вниманието со изданија без трошка шминка.
Милано е најпозната по улогата во серијата „Charmed“, која се емитуваше од 1998 до 2006 година, а глумеше и во сериите „Who’s the Boss?“, „Mistresses“ и филмовите „Commando“, „Embrace of the Vampire“ и „Fear“.
Фото: Принтскрин/Instagram