Кој е производот за кој периодов многу се зборува во регионот?

Кога нешто е добро, луѓето препознаваат и гласот брзо се шири, не само локално туку и во регионот, па и пошироко. А особено ако тоа нешто е добро и здраво, како што се Протеинските барови на Виталиа, кои за кратко време го освоија регионот и станаа омилен вкус на луѓето кои водат активен живот и водат сметка за здравата исхрана. Но, зошто тие станаа толку популарни и како го најдоа патот дури и до другите континенти?

Современиот човек сака работите што ги купува и користи, а особено оние што ги јаде, да бидат квалитетни и да му одговараат на животниот стил. Во забрзаното секојдневие што го живееме, навистина е предизвик да останеме сити за да имаме енергија за сите обврски во денот, а дополнителна грижа е како во сето тоа брзање да се храниме здраво и корисно.


Токму затоа Протеинските барови се идеалната закуска секогаш кога ќе ви биде потребен оброк или пак дополнителна енергија. Тие содржат богата доза на висококвалитетен протеин кој ќе ве засити и ќе ви помогне да го одржите балансот во организмот кој овозможува нормално функционирање на цело тело. Секој од баровите содржи 35% протеин и целосен аминокиселински состав кој ќе помогне во брзо опоравување по вежбање или напор и регенерација на мускулното влакно. Дополнително, тие се збогатени со магнезиум, витален минерал кој поддржува различни телесни функции, вклучително и мускулна и нервна функција. Па така, кога и да почувствувате дека ви недостасува енергија, а немате време за подготвување на оброк, посегнете по омилениот вкус од Протеинските барови на Виталиа.

А овојпат, за вкусовите може да се дискутира, бидејќи има за секого по нешто. Без разлика дали го преферирате вкусот на чоколадо, карамел, кикиритки или ананас – секогаш можете да го најдете она што вас ви одговара во селекцијата на вкусови на Виталиа.


Комбинирањето на одличниот вкус со квалитетната функционална храна е она што ги направи Протеинските барови вистински фаворит помеѓу луѓето не само во Македонија или во регионот, туку и на останатите континенти каде се извезуваат производите на Виталиа. Откако тие за првпат беа претставени на саемот PLMA во Амстердам, го задржаа интересот на јавноста и го заинтересираа просечниот потрошувач за вредноста на ваквата вкусна, а здрава и корисна храна.

Протеинските барови на Виталиа ќе ги препознаете и по модерниот дизајн на пакувањето, кој лесно ќе го забележите на полиците во вашите локални маркети. Па така, следниот пат кога ќе ви биде потребна брза и здрава доза на енергија, не сомневајте се во изборот на Протеинските барови – кои полека стануваат омилената ужина во регионот!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) „Наутро пијам 8 апчиња, лекарите сакаат да ми ја ампутираат ногата“: Поради ова и Ноле плачел со него!

Хуан Мартин дел Потро минува низ страшни моменти и Новак Ѓоковиќ добро го знае тоа. …