Дали стапалата ви се постојано ладни, а ЦИРКУЛАЦИЈАТА ЛОША? Решението не се волнените чорапи, туку ОВИЕ ситници од оставата кои секој ги има

Како да се справите со лошата циркулација и постојано ладните стапала, што е проблем особено во зимските месеци.
Облекување во слоеви, топли пијалоци, волнена облека, удобни водоотпорни чевли, капи, шалови, ракавици, не помагаат? Доколку имате проблеми со слаба циркулација и студени стапала, префрлете се на билни решенија!
Ја поттикнува циркулацијата, а најдобро е да се јадат сирови, но можете да ги додадете и во салати, супи, печења, риба…

Лути пиперки
Одличен штит против настинки, а ја зголемуваат и температурата. Во Италија и Кина особено ги користат за подобра циркулација. Во некои постудени места, луѓето ставаат малку мелена лута пиперка во чевлите и чорапите за да се ослободат од чувството на студени стапала. Најдобро е, како нив, да посипете малку мелена каенска пиперка на нозете и да облечете топли памучни чорапи, па дури потоа чизми.


Цимет
Циметот добро делува против згрутчувањето на крвта и затоа е одличен за подобра циркулација. Вклучете го во топлите напитоци, но и во бисквитите и утринските житарки.

Ѓумбир
Најдобар „грејач“ меѓу чаевите секако е ѓумбирот. Може да направите купка и така што прво ќе истурите лажица мелен ѓумбир (или 200 грама сечкан свеж ѓумбир) во 2 литри вода и ќе го ставите на шпорет да зоврие. Се трга од шпорет, па се остава покриено 15 минути, па се процедува и се додава во када со топла вода. Одличен „грејач“ е и чајот, а за подобар вкус можете да го комбинирате со лимон.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Стигнува Баба Марта со нагла промена на времето: Македонија на удар на многу ладен бран, ќе донесе снег!

Поради продор на многу поладен бран од север, денес (понеделник 17 март) навечер и ноќта …