„Аеродром пулсира“ – голем предновогодишен концерт


Денес, со почеток во 18:30 часот, пред  Cevahir Mall во Скопје, ќе имате можност да уживате во големиот предновогодишен концерт – „Аеродром пулсира“.

Проследете ги настапите на фантастичните Игор Џамбазов и Гуру Харе, ѕвездата на македонската рап музика Тони Зен, милениците на младата публика Пајак и Лара. За крај на фантастичниот предновогодишен lineup, сцената пред Cevahir Mall ќе заблеска со настапот и рефрените на нашата најголема поп ѕвезда Каролина Гочева. Аеродромската публика знае како вистински се пулсира и како се пеат најомилените музички хитови на Каролина – со цело срце и со сиот глас!


Дојдете да се забавуваме и да ја испратиме 2024 со спектакуларно шоу!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Димиш одржа промоција на неговата нова песна и видео запис за „Срце и мозок“

Веќе одлично етаблираниот на македонската рок сцена Димиш одржа промоција во „Лабораториум“ за неговата најнова …