(ВИДЕО) „Една година јадев само јајца и црвено месо: Ова е мојата моментална состојба, запишете некаде!“

Кога сфатил дека не може да функционира како што сака поради 136 килограми, решил исхраната да ја заснова само на јајца и месо.
Патрик Енсли, татко на едно дете, сакал целосно да го промени својот живот. Во времето кога имал 136 килограми, заедно со сопругата Кејтлин, одлучил нивната исхрана да се состои исклучиво од јајца и месо. Секој ден се чувствувал исцрпено, немал сила ниту да помине време со синот, а потоа следела депресија.


„Ќе се будев неколку пати во текот на ноќта. Дури и да спиев десет часа, не би сакал да станам од кревет наутро. Бев вкочанет и уморен. Имав болки во нозете, грбот и колената а бев потполно несреќен“, рекол Патрик за Mail Online и додал дека останувал без здив секогаш кога ќе се качувал по скалите.


Тоа бил моментот кога сфатил дека мора да промени нешто. Почнал со исхраната. Решил секој ден да јаде шницли од 450 грама, половина килограм мелено месо и шест јајца. Кога ќе почувствувал потреба да грицка, Патрик јадел чварки, тенко исечено сирење, суво месо. Сето тоа го направил од силна причина – за да може да го гледа својот син како расте.
„Запишете го тоа некаде. Ставив слика од мојот син како позадина на мојот телефон, па ја гледам секој ден. Ставете го потсетникот некаде и ќе го гледате цело време. Сликајте се за да ги следите промените. Ќе видите колку тежина сте изгубиле и ќе можете да го следите вашиот напредок, како губење на 20 сантиметри од обемот на стомакот. Кога вагата ќе престане да покажува напредок, тие слики и мерења ќе ве потсетуваат да продолжите да напредувате, што помага, ве одржуваат мотивирани“, рекол Патрик.

„Мојот живот се промени“
По една година Патрик успеал да изгуби 64 кг и 48 см од обемот на стомакот. Спиењето му е подобро, а се буди полн со енергија и без болка.


„Дури и по првиот месец или два забележав огромна промена во расположението, амбицијата и позитивноста. Ментално се чувствував подобро речиси веднаш. Ова искуство целосно ми го промени животот и повторно ја најдов мојата цел”, рекол Патрик, кој сега без тешкотии се качува по скалите.
„Сега доаѓам дома и можам да го фрлам мојот двегодишен син на каучот, да го занишам наопаку, да си играме со камиони и возови и правиме што сака, а јас се уште имам енергија“, изјавил Патрик, кој сега планира постепено повторно да воведува некои намирници во неговата исхрана и да се прилагоди на животот без ограничувања.

Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Три преводи на македонски јазик меѓу најдобрите преводи на драмски дела на европско ниво за 2025 година

Европската мрежа за драма и превод „Еуродрам“ го соопшти изборот на најдобри преводи на драмски …