(ФОТО) Ангелина Џоли:„Ова е нешто најтешко што сум го видела сиве овие години!“

Популарната американска глумица и специјална амбасадорка на ОН за бегалци, Ангелина Џоли, го посетила логорот за сириски бегалци во северен Ирак за да на луѓето, раселени по повеќегодишната војна во Сирија, им изрази поддршка.

Холивудската ѕвезда го посетила Домиз, во кој живеат 33.000 бегалци од Сирија. Таа во логорот дошла во раните утрински часови и се состанала со семејствата, соопштуваат од ОН.
Џоли претходно го посетила Мосул, град на северот на Ирак кој владините сили, минатата година го вратиле под свој котрола. Силите на Исламската држава градот под окупација го држеле три и пол години и го претвориле во тврдина на својот „калифат“, во воената кампања во текот на која избегале 900.000 граѓани.
Високиот комесаријат на ОН за бегалци објавил снимки и фотографии на кои се гледа Џоли за време на прошетката по бомбрадираните улици на Мосил како и средб со семејства од западниот дел на тој град.


„Ова се најтешки разорувања кои сум ги видела во текот на сите години на мојата работа во УНХЦР. Луѓето тука загубиле се. Тие се лишени од се.Немаат лекови за своите деца и многумина немаат вода за пиење ниту основни услови. Се надевам дека ќе истраат во настојувањето градот комплетно да се обнови. Ја повикувам меѓународната заедница да не го заборави Мосул“, изјавила Џоли.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …