(ФОТО) Андријана Јаневска гневна поради „ракометните плукачи“: „ Заради НИВ го пишува името Македонија, заради НИВ сме меѓу најдобрите, заради НИВ има толку навивачи на трибините и пред ТВ!“

По последните порази од Чешка и Данска, особено по оној првиот кога имавме добиен натпревар, се случи лавина од негативни коментари, омаложувања, „плукање“, па дури и навреди за нашите ракометари на социјалните мрежи .

За жал, карактерот и менталитетот можеби беа нештата што не ги покажаа до крај на теренот, но секако борбата, желбата, залагањето и сето искуство и знаење преточени во „срце на терен“ беше одлика која ја красеше македонската ракометна дружина на ЕП во Хрватска.
А, на страната на ракометарите во одбрана на „правдата и релноста“ први застанаа некои од познатите личности. И тоа со сета жестина, удирајќи по „неверниците“, по „лажните патриоти“ кои знаат да бидат само „ортаци на победата“.
Во одбрана на ракометните асови застана и пејачката, класичен уметник и педагог, Андријана Јаневска. И таа со жесток статус застана зад оние што „гинеа“ на теренот за Македонија и црвено-жолтата боја, без оглед дали победуваме или губиме.
Популарната пејачка на својот Фејсбук профил гневно ги искоментира нападите на нашите ракометари со статус кој заслужува почит… Како и тие, македонските ракометни, репрезентативни асови.


Еве го нејзиниот статус:
„Гледам све играчишта на ФБ, а у живот топка не пипнале. Сте излегле ли некогаш во јавност на било каков настап? На Европско првенство сигурно не, туку онака бар, у маало да имате некој јавен настап? Знаете ли што значи трема пред јавност? Знаете ли што значи ваков притисок? Па не знаете, де.
Повеќе од 15 години пеев на светски натпревари со Св. Злата Мегленска низ цел свет каде имало многу слични ситуации како оваа! Вежбаш две години секој ден, даваш се‘ од себе, се радуваш кога од 150 земји ја читаат Македонија меѓу најдобрите, а ако си меѓу првите, на радоста и‘ нема крај! Од преголема желба да те чуе цел свет, да ја претставиш својата татковина во најдобро светло, на крајот ти снемува глас! Се случувало! Цел настап топ, но последните неколку акорди одлучувале дали ќе бидеш најдобар помеѓу најдобрите! Токму таквите ситуации те прават посилен во иднина! Св. Злата Мегленска не стана светски хор после 3 настапи. Едноставно со години се калеше и затоа сега е тоа што е! Тоа важи и за многу други наши признати хорови, музичари, спортисти и уметници! Сетете се само на оној жар после првите натпревари, што значи кога целата нација е обединета, што значи да се бодри и сака татковината!
Коментари од типот: овој бил ваков, овој онаков, оној платен, овој сакат, глуп, слеп – од вечерва не толерирам. Што да правам, посилно е од мене. А бе Кире Лазаров е најдобар стрелец на СИТЕ ВРЕМИЊА! Да, да! Сигурно ракометарите повеќе сакаа да победиме отколку вие, верувајте! Или можда у кладилница не фативте? Заради НИВ го пишува името Македонија, заради НИВ сме меѓу најдобрите, заради НИВ има толку навивачи на трибините и пред ТВ, заради НИВ, не заради вас! Затоа, видам ли плунка по ракометарите, заигрува џогер. Секоја навреда кон нив ќе ја сметам за навреда кон Македонија. А ја неќам да имам такви другари. На тој што плука нагоре, плунката ќе му се врати у фаца. Се знае, ракометарите се горе“ – пишува во ссвојот ФБ статус Јаневска.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …