(ФОТО) Ана Курникова и Енрике Иглесијас Светското првенство во фудбал го следат во друштво на своите близнаци

Гордите родители, Ана Курникова и Енрике Иглесијас, ретко објавуваат фотографии од своите шест месечни близнаци Николас и Луси, но од почетокот на Светското првенство во фудбал тоа се променило.

#Россия #worldcup2018 #GoRussia


A post shared by 🐾 Anna 🎈Аня (@annakournikova) on


Русинката Ана прва во четвртокот објавила фотографија на кој позира со бебето додека Русија играла против Судиска Арабија.

#worldcup #spain #portugal


A post shared by Enrique Iglesias (@enriqueiglesias) on

Потоа Енрике, во петокот, позирал со Луси гледајќи го натпреварот помеѓу Шпанија (каде е роден) и Португалија.
Близнаците на родителите им донеле среќа: Русија победила со 5:0, додека Шпанија играла нерешено.

I still can’t believe….. you’re mine

A post shared by Enrique Iglesias (@enriqueiglesias) on

Енрике и Ана во врска се од 2001. година а на 16. декември 2017. година станаа родители на преслатките близнаци. Својот приватен живот никогаш не сакале да го делат со јавноста и од раѓањето на децата објавиле само неколку фотографии.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …