(ФОТО) АЛЕК БОЛДВИН НЕ ГО ИСПОЧИТУВАЛ ЗЛАТНОТО ПРАВИЛО: Пиротехничар објаснил како дошло до трагедијата на снимањето на филмот!

АЛЕК Болдвин не го испочитувал златното правило за безбедност со вперување на оружјето кон друго лице, пишува Daily Mail.


View this post on Instagram

A post shared by Ann-Louise Holland (@venusandvesta)


Зак Најт, инженер за пиротехника и специјални ефекти, рекол дека правило број еден е дека не смее да има куршуми на филмскиот сет.
– Правило број два е дека секој човек на сетот има право да го прегледа оружјето пред некој да пука од него. А правилото број три е – нема причина некој да биде пред оружјето од кое актерот ќе пука – изјавил Најт и додал:
– Секогаш кога ќе видите во филмот дека цевката е вперена кон камерата, никој не смее да стои зад неа. Во овој случај, гледаме дека пиштолот бил вперен кон две лица.
Тој вели дека требало да има бариера помеѓу актерите и персоналот, како и дека е очигледно дека некои луѓе не ја завршиле својата работа како што треба.


За потсетување, познатиот актер Алек Болдвин во четвртокот, за време на снимањето на вестерн филмот „Rust“ ја застрелал во градите снимателката Халина Хачинс, додека режисерот Џоел Суза, кој стоел зад неа, бил ранет и префрлен во болница.
Хачинс починала на местото на несреќата, додека Суза била префрлена во болница од која подоцна бил пуштен.
Во петокот, судија од Санта Феа дал наредба до канцеларијата на шерифот да го заплени огненото оружје, облека, камери, видео касети и муниција од ранчот Бонанза Крик во близина на Санта Феа, каде што снимал Болдвин.

Пиштолот од кој славниот холивудски актер Алек Болдвин испука куршум за време на снимањето и уби една жена, му го предал помошник режисер кој му рекол дека „оружјето е безбедно“, според записникот на истражниот суд, беше објавено претходно.
Неименуваниот помошник режисер не знаел дека реквизитите се наполнети со боева муниција, и пред да ја сними сцената, потврдил дека пиштолот е празен извикувајќи „ладен пиштол“, стои во записникот.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

‘GOKO’ го издаде својот нов албум

Гордон има 29 години и се бави со продукција на електронска музика повеќе од 10 …