Холивудската легенда Ал Пачино (81) е виден како излегува од ресторан во Калифорнија во саботата по вечерата со поранешната девојка на Мик Џегер, Нура Алфала (28).
Актерот и Нура Алфала, телевизиска продуцентка која претходно беше поврзана со Клинт Иствуд и Мик Џегер, заминале заедно во ист автомобил откако налетале на милионерот Вит Шнабел додека Алфала пушела цигара надвор.
Ова е првпат оскаровецот, кој се раздели од поранешната девојка Мејтал Дохан во 2020 година поради разлика во возраст од четири децении, да биде романтично поврзан со Алфала.
View this post on Instagram
На социјалната мрежа Твитер се појави и нивна фотографија од самата вечера на која покрај другите присуствуваше и Џејсон Момоа, а еден детаљ предизвика лавина од коментари.
Имено, на масата пред Ал Пачино е телефон во футрола со Шрек – лик од популарниот анимиран филм, кој воодушевил многу корисници на Твитер.
JUST FOUND OUT AL PACINO HAS SHREK PHONE CASE OHMYGOD?!?!?!? pic.twitter.com/jU7jsGvP3M
— cocksucker (@cockagecore) April 10, 2022
Меѓутоа, некој напишал дека не верува дека тоа е телефонот на Ал Пачино бидејќи „старите немаат паметни телефони“. Потоа следел одговор од профил на Твитер, во кој корисникот тврди дека ќерката на Ал Пачино, Оливија, потврдила дека телефонот со Шрек е на нејзиниот татко, со фотографија од преписката со Оливија.
MI HA RISPOSTO IN MEZZO SECONDO MI STO SENTENDO MALISSIMO AHSHSHFJDJHAASHSH (contesto: al pacino ha una cover di shrek) pic.twitter.com/U8pNNuoGFs
— Lara_ (@katepenniman) April 10, 2022