(ФОТО) Адел на кошаркарски натпревар во се’ попопуларна комбинација: Баланс на елеганција и опуштен изглед

Откако минатата година се разведе од Сајмон Конеки, пејачката Адел своето мирно засолниште го најде во сегашното момче Рич Пол.
На фотографиите ја гледаме како цело време се смешка во друштво на своето момче, а нејзините стајлинзи станаа инспирација за многу дами.
Вљубениот пар е виден вчера на НБА натпреварот во Лос Анџелес. Рич е еден од најпознатите кошаркарски агенти, па Адел често може да се види на натпреварите.
Пејачката за оваа порелаксирана пригода направила комбинација од дневен и елегантен стајлинг. Таа се одлучила за тесни тексас панталони и поширока кошула од истиот материјал и боја. Оваа комбинација станува се’ попопуларна, а гледаме дека ја освоила и Адел. Таа со класичните беж салонки додала доза на умерена елеганција.

View this post on Instagram

A post shared by Adelettes©® (@adelettes)


Дека парот е во стабилна врска покажува и нивната неодамнешна одлука. Имено, тие почнале да живеат заедно и на почетокот на годината купиле вила која му припаѓала на Силвестер Сталоне во Беверли Хилс. Адел се потврди кога на Инстаграм сподели фотографија на која се гледа како ги држи клучевите од новиот дом.


View this post on Instagram

A post shared by Adele (@adele)


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …