(ВИДЕО) Главен проблем – Брачна советничка открила на што најмногу се жалат жените за време на терапијата

Брачната советничка Корин Волер од Минесота открила на што најмногу се жалат жените кога се во прашање проблемите во нивната врска.
Имено, според нејзиното мислење, она што најмногу им пречи на жените е тоа што секогаш мораат да им кажат на своите сопрузи што да прават кога се обидуваат да се договорат за поделбата на домашните работи.
Таа додала дека ова е пример за „активна одговорност“, која се спротивставува на „пасивната одговорност“. Таа тврди дека жените припаѓаат на првата група, а мажите во втората, што предизвикува тензија во врската.

@corrinthecounselor Passive Responsibility vs Active Responsibility #relationships #therapy #ThatCloseMessenger #marriage #IDeserveTuitionContest ♬ original sound – Corrin Voeller


„Пример за активна одговорност е кога размислувате за тоа кои домашни работи треба да се направат и на крајот всушност ги извршувате. Пасивната одговорност е кога некој има слободно време и може да помогне во домашните работи, но сепак чека некој да му каже да ги направи“, објаснила таа.
Волер дошла до заклучок дека жените сакаат партнери кои се однесуваат „активно и одговорно“ кон домашните работи и децата, а не оние на кои мора да спомнат дека ги исполнуваат своите обврски.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …