(ФОТО) 99. роденден на британскиот Принц Филип: Фановите забележале чуден детал!

Принцот Филип, кој е во брак со кралицата Елизабета Втора повеќе од седум децении, во среда, 10 јуни наполни. 99 години, поради што Бакингемската палата објави нова фотографија од кралицата и војводата од Единбург.
Наместо голема прослава, принцот ќе го прослави роденденот во друштво на кралицата, на интимна вечера во замокот Виндзор, каде војводата и кралицата се во изолација од коронавирусот, што значи дека другите членови на кралското семејство ќе му испратат честитки преку видео повик.


Парот минатата недела (2. јуни)- бил фотографиран пред дворецот, а станува збор за прва фотографија на војводата од 24.декември минатата година, по престојот во болница во Лондон.
Војводата на фотографијата позира во костум со вратоврска во боите на британската кралска гарда, а Елизабета е во жолт цветен фустан, а носи и бисерен ѓердан околу вратот и нејзиниот омилен дијамантски брош во форма на срце.
Фотографијата привлекла големо внимание и на социјалните медиуми, каде многу корисници тврдат дека станува збор за Photoshop.

Принцот Филип, кој е во брак со Елизабета 72. години, ретко се појавува во јавноста откако се повлече од кралските должности во 2017. година.
После долго време, војводата зборуваше во април, кога им се заблагодари на здравствените работници на првата линија на борбата против пандемијата на коронавирус.
Неговата порака следела после онаа на кралицата, која ја гледале 24. милиони гледачи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …