(ФОТО) 14. годишната ѕвезда во врска со 17. години постариот рапер: Само пријателство или криење на вистината!

После овие изјави на малолетната 14. годишна актерка, „експлодираше“ Твитер заедницата. Поголемиот дел од луѓето сметаат дека односот на младата актерка и раперот е „вознемирувачки“ и „морничав“


Ѕвездата на серијата „Stranger things“ Мили Боби Браун ја шокираше публика со одговорот на прашањето во каква врска е со 31. годишниот рапер Дрејк.
На Мили неодамна и беше поставено прашање за нејзиниот однос со раперот Дрејк, а одговорот ги шокираше сите медиуми. 14 годишната ѕвезда пред цел Холивуд изјави: „Го сакам“.
Говорејќи за нивното пријателство, младата актерка кажала:
„Го запознав во Австралија и искрено е фантастичен, одличен пријател и одличен пример. Пред некој ден едноставно заклучивме дека си недостасуваме еден на друг. Ми прати порака: ’Толку ми недостасуваш’, а јас него му вратив: ’Ти мене уште повеќе’.


Мили порано имаше кажано дека Дрејк и дава животни совети, а на прашањето на новинарот за какви совети „за деца“ се работи, таа кажа:
„Тој ми помага. Да, да, да. Тој е супер. Тој е одличен. Јас го сакам.“
Кога новинарот малку повеќе ја притиснал да се изјасни за советот што Дрејк и го дава за момчињата, таа кратко кажала:
„Тоа останува во текстуалните пораки“.
Таа исто така кажала дека ќе го види Дрејк кога ќе доаѓа на турнејата во Атланта во ноември оваа година. Мили отворено и возбудено зборувала за пејачот и очигледно Мили не гледа ништо чудно во тоа да разменува пораки со човек кој е двојно постар од неа.


После овие изјави на малолетната 14. годишна актерка, „експлодираше“ Твитер заедницата. Поголемиот дел од луѓето сметаат дека односот на младата актерка и раперот е „вознемирувачки“ и „морничав“. Во бројните коментари однесувањето на Дрејк е прогласено за предаторско, а едно лице дури и предложи раперот да биде „заклучен“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …