1

Европски филмови за деца и тинејџери во киното „Манаки“ во рамките на офф-програмата на „Бит Фест 2022“

Четири филмови наменети за тинејџерската и детската публика од утре до 16 септември ќе се прикажуваат во киното „Манаки“ во Битола во рамките на офф-програмата на битолското културно лето „БитФест 2022“. Филмовите опфаќаат различни теми кои отвораат нови видици на децата во области кои би го задоволиле нивното љубопитство како тајните на вселената, екологија и слично за најмладите, како и проблемите на тинејџерите во модерното општество: oсаменоста, прифаќањето на различните од себе, булинг… Станува збор за четири филмски наслови од европска продукција. Сите проекции се од 19 часот, а влезот е слободен.
Првата проекција е закажана за утре во 19 часот со италијанско/австриско/швајцарската копродукција „Вселенското момче“ во режија на Оливие Перуза за 11-годишниот Џим со пасија за вселената и науката. Филмот ја освои главната награда на интернационалниот детски и младински фестивал во Бусан.

На 14 септември ќе биде прикажана германската детска авантура „Рока го менува светот“, во режија на Катја Бенрат. Рока има 11 години и живее прилично уникатен живот. Додека нејзиниот татко гледа над неа како астронаут од вселената, Рока живее сама со нејзината верверица и за прв пат во нејзиниот живот оди во нормално училиште.


This image has an empty alt attribute; its file name is poster_web-1.jpg

На 15 септември е закажана проекцијата на италијанскиот филм „Брат ми брка диносауруси“, во режија на Стефано Ципани- најдобар филм за млада публика на Европската филмска академија во 2020 година. Филмот е снимен според бестселерот на Џакомо Мацариол.


Последната проекција на 16 септември е на шведската комедија „Брит Мари беше тука“, во режија на Тува Новотни.
Проекциите ги организира продукциската и дистрибутерска куќа „Катавеј“ од Скопје, која во последните шест години успешно прикажува филмови наменети за помладата публика, во соработка со ЈОУ  КИЦ Битола. Проектот е поддржан од Општина Битола во рамките на офф програма на„ Бит фест 2022“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Гостувањето на Катерина Бабкина една од најуспешните современи украински писателки

Артконект со задоволство го најавува гостувањето на Катерина Бабкина, една од најуспешните современи украински писателки, …