Едноставна маска за чистење на лицето: Потребни се 3. состојки

Сами направете своја маска за чистење на лицето, која ќе ви го врати сјајот на кожата
Многу козметички производи од билки се идеални за сите типови на кожа. Сепак, зошто да трошите пари на скапи креми, кога идеалниот препарат можете сами да го направите.
Потребни ви се само три состојки и пет минути од вашето време, по што ќе бидете повеќе од задоволни од она што самите сте го направиле.
Потребно е: лажица мед, лажица мелено мускатно оревче и една лажица цимет во прав.
Истурете ги сите наведени состојки во еден сад и мешајте додека смесата не добие чоколадна боја. Нанесете на лицето и оставете да отстои половина час. Потоа исплакнете го лицето. Исушете со сува и чиста крпа. Ќе видите неверојатни резултати по првото нанесување.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …