ДОСТА ИМ Е ОМРАЗА И ПОВИЦИ НА НАСИЛСТВО: Во Русија стапи на сила забраната на пристап до Инстаграм

Забраната за пристап до социјалната мрежа Инстаграм во Русија стапи на сила на полноќ по локално време.
Роскомнадзор побара да се блокира пристапот до оваа социјална мрежа поради повиците за насилство врз Русите, во светло на настаните во Украина.
Роскомнадзор одлучи да го блокира Инстаграм поради пријавеното ширење говор на омраза против рускиот народ, вклучително и припадници на војската.
Претходно руското државно обвинителство побара компанијата Мета, во која спаѓаат Facebook, Instagram и WhatsApp, да се прогласи за екстремистичка организација и да и се забрани да работи во Русија, јавува ТАСС.
Директорот на Инстаграм Адам Мосери потврдил дека одлуката на Русија да ги блокира социјалните мрежи значи дека милиони Руси од понеделник ќе останат без пристап до оваа апликација на компанијата Мета.
– Во понеделник Инстаграм ќе биде блокиран во Русија. Оваа одлука ќе отсече 80. милиони луѓе во Русија едни од други, од остатокот од светот. Осумдесет проценти од луѓето во Русија следат некој профил на Инстаграм надвор од нивната земја. Ова не е во ред – напишал Мосери на Твитер, пренесува ТАСС.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …