Докторите случајно ја балзамирале:„Умрела во страшни болки“

Екатерина во болницата дошла, минатиот месец, на рутинска операција а по грозна грешка на докторите страдала од грчеви и болки, а подоцна умрела од откажување на срцето и плуќата…
Екатерина Федјаева (27) умрела во текот на операцијата откако лекарите по грешка и вбризгале формалдехид, односно течност за балзамирање
„Ова е чисто убиство. Таа течност едноставно го уништи нејзиното тело од внатре“ изјавила нејзината мајка Галина Барашникова.


Екатерина во болница, во рускиот град Илјановск, дошла минатиот месец, на рутинска операција. Поради грозна грешка на докторите страдала од грчеви и болки. Во состојба на кома ја префрлиле во болница во Москва каде починала од откажување на срцето и плуќата, пишува The Sun.
„Целото тело и се тресеше. Ја отруја и не направија ништо да и помогнат. Луѓето кои ја вршеле операцијата знаеле дека и е вбризгана погрешна течност. Морале да преземат некои итни мерки, но не реагираа на време. Ги преколнував да направат нешто, а тие само сакаа што побргу да си одам и сето тоа да ’го стават под тепих’“, рекла огорчената мајка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Изложбата „ПИКАСО МОЖЕБИ ЈАС“ во чест на Пикасо од Македонскиот керамичар Филип Фидановски ќе биде поставена во Хрватска

Керамика мултиплекс 2024, КЕРАМЕИКОН -ДРУШТВОТО НА КЕРАМИЧАРИ НА ХРВАТСКА Ви ја претставува изложбата „ПИКАСО МОЖЕБИ …