Докажано: Една состојка од лутите пиперки може да уништи клетки на рак

Клетките на рак може да бидат уништени со капсаицин, соединение кое е една од главните состојки на лутите пиперки.
Конзумирање на сурови пиперки или како состојки во сосови и салати може да делува превентивно против симптомите на рак.
Капсаицинот, состојка во лутите пиперки што е одговорна за чувството на печење што го имаме во устата кога ги јадеме, може да ги уништи клетките на ракот, тврдат научниците од германскиот универзитет Рур.


Резултати од истражувањето
Поранешното истражување покажало дека оние кои редовно јадат лута пиперка имаат 13. проценти помали шанси да умрат порано. Причината за ова е капсаицинот, кој има анти-микробиолошки и антиинфламаторни способности, кои се поврзани со превенција на болести.
Нивната студија открила дека капсаицинот може да биде двигател на самоуништување на клетките на ракот. Научниците веруваат дека ова сознание може да биде од голема помош во развојот на лек против рак во иднина.



– Капсаицинот е во состојба да стимулира апоптоза (клеточна смрт) и да го инхибира понатамошниот развој на клетките на ракот кај многу различни видови на рак, како што се остеосарком (тумор на коска), карцином на дебело црево или панкреас, без да се загрозат другите „нормални“ клетки, вели д-р. Леа Вебер.
Конзумирањето на лути пиперки може да биде непријатно за оние кои не се навикнати на лути пиперки, но со текот на времето се развива толеранција кон лутина. Колку повеќе старееме, природното слабо чувство на вкус станува слабо, па и лутината станува полесна за поднесување.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …