ДОБРО Е ДА СЕ ЗНАЕ – Врвот на вруќините допрва доаѓа: Погледнете колку брзо автомобил на сонце станува смртоносен

Иако овој извештај се однесува за Хрватска препораките на пожарникарите е добро да се запамтат бидејќи и во нашата земја се соочуваме со топлотен бран и автомобили паркирани на сонце.
Продолжува топлотниот бран во Хрватска, кој треба да го достигне својот врв во четврток. За денеска се најавени температури до 37. степени. Загреб и Осијек за задутре се обележани со црвена боја поради многу голема опасност од топлотни бранови.
Синоптичарите од Државниот хидрометеоролошки институт издале портокалово предупредување за Славонија за денес и утре поради топлотниот бран што може да влијае на здравјето.
„Само во петок жештината ќе се смири малку. Сè уште ќе биде топло, а прекинот на топлотниот бран на копното се очекува во сабота, додека на Јадранот сè уште ќе биде жешко”, изјавил метеорологот Томислава Хојсак за ХРТ .

Пожарникарите испратиле предупредување
Противпожарната единица во Загреб вчера на својата Фејсбук страница предупреди на големи жештини. Тие објавиле слика што покажува како и за колку се зголемува температурата на ентериерот во автомобилот во однос на надворешната температура.
Сликата покажува дека на надворешна температура од 38 ° C, ако некој се наоѓа во затворен автомобил животот му е загрозен за само 5. минути.


Погледнете колку брзо се зголемува температурата во автомобил паркиран на сонце
Снимателите на Пиксел снимиле колку брзо се зголемува температурата во автомобил паркиран на сонце. Видеото покажува дека температурата се зголемува од 25. до 50. степени Целзиусови за само 22. минути.



Иако овој извештај се однесува за Хрватска препораките на пожарникарите е добро да се запамтат бидејќи и во нашата земја се соочуваме со топлотен бран и автомобили паркирани на сонце. Затоа, ДОБРО Е ДА СЕ ЗНАЕ што може да не дочека во автомобил паркиран на сонце – затоа е најдобро пред да влезете во автомобилот да ги отворите вратите, да ја вклучите клоимата а дури потоа да тргнете на саканата достанца…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …