ДОБРО Е ДА СЕ ЗНАЕ ВО ПРЕСРЕТ НА ЕСЕНТА – Ковид 19 има одреден редослед на појавување на симптомите: Кај грипот е поинаку!

Симптомите на ковид-19, вклучувајќи треска и кашлица, се многу слични на настинка или сезонски грип. Како да препознаете за што станува збор?
Една нова студија од Универзитетот во Јужна Калифорнија откри дека симптомите на ковид-19 обично се појавуваат во одреден редослед. Ова откритие може да им помогне на луѓето со ковид-19 да се изолираат и да започнат со третман порано, што може значително да ги подобри резултатите на пациентите.

Научниците користеле кинески податоци
За да се предвиди редоследот на симптомите, истражувачите ги анализирале стапките на појава на симптоми собрани од Светската здравствена организација (СЗО) за над 55.000 потврдени случаи на ковид-19 во Кина.
Тие исто така разгледале податоци за 1.100 случаи собрани од кинеската група експерти за медицински третман за ковид-19 помеѓу декември и јануари и обезбедени од кинеската национална комисија за здравство.
За да се споредат редоследот на појава на симптоми на коронавирус со оној на грип, истражувачите анализирале податоци од над 2.000 случаи на грип снимени во Северна Америка, Европа и јужната хемисфера.



„Редоследот на симптомите е важен“, рекол Џозеф Ларсен, водечки автор на студијата.
„Кога знаат дека секоја болест напредува различно, лекарите можат да утврдат порано дали некој има ковид-19 или некоја друга болест, што може да им помогне да донесуваат одлуки за самиот третман“.
Според наодите од студијата, симптомите на коронавирус се појавуваат по овој редослед: треска, кашлица и болка во мускулите, гадење или повраќање и дијареја.
„Студијата покажа дека кај пациентите со сезонски грип најверојатно најпрво има кашлица, проследена со треска“, изјави за Healthline д-р Роберт Глетер, лекар од болницата „Ленокс Хил“ во Њујорк
„Во реалноста, можеби е тешко да се препознае бидејќи грипот често започнува нагло и со повеќе симптоми, вклучувајќи болка во грбот, чувство на страв и сува кашлица.


Според студијата, додека грипот обично започнува со кашлица, првиот симптом на ковид-19 е треска.
„Нашите резултати ја поддржуваат идејата дека температурата треба да се измери како метод за верификација пред да се влезе во простории“, заклучуваат авторите на студијата.
Сепак, лекарите кои работат со пациенти со ковид-19 велат дека, според нивното искуство, симптомите не можат да се предвидат толку лесно, во случај на сомневање за болеста, секогаш треба да се консултирате со избраниот лекар за понатамошните чекори и методи на лекување.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е Велики четврток – На овој ден се прави спомен на Тајната вечера и предавањето на страшните тајни

Велик четврток Велики четврток или Величетврток — ден од Страдалната седмица. Според источното христијанство тој …