Дневен хороскоп за сабота, 19.01.2019:Внимателност во постапките и одлуките- најдобро да се концентрирате на домот и најблиските и на одмор!

Денес има незгоден аспект, Сонцето е во квадрат со Уран. Бидете внимателни во сообраќајот, најдобро да не мрдате никаде, со актуелниот квадрат и временските услови се такви што се советува само ако патувањето е неодложно. Не само патниот сообраќај, денес е во опасност и воздушниот. Иако е викенд има многу други можности убаво да си поминете и одморите, а никаде да не одите. Барем додека овој квадрат е активен.
Ви посакуваме среќа!

Овен
Работа
Нечии зборови го продлабочуваат вашето незадоволство. Меѓутоа, со цел да се зачува достоинството пред соработниците, бидете различни и доволно храбри да се соочите со нивните барања.
Љубов
Забележувате дека често немате емоционална поддршка, но не сакате гласно да побарате нечие внимание или присуство. Со прикривање на „слабостите”, го зголемувате вашето расположение и несигурност.
Здравје
Склони сте кон настинка.


Бик
Работа
Вие постапувате самоуверено кон некои соработници и барате дополнителни информации за да ги разјасните сите заеднички дилеми. Недоразбирањето може да кулминира на ваш трошок, па бидете внимателни кому и што ветувате.
Љубов
Немојте да бидете ригорозни или неправедни кон лицето кое очекува вашето искрено разбирање. Нема потреба да си играте со нечии чувства.
Здравје
Добро се чувствувате.

Близнаци
Работа
Прифатете нови идеи со намера да ги проширите вашите сознанија. Некој ве упатува на креативно изразување и правилно функционирање. Покажете дека имате доволно доверба во блиските соработници и заедничкиот договор.
Љубов
Обрнете внимание на лицето кое ве гледа со заљубени очи и со топла насмевка на своите усни. Препуштете се на вашата инспирација што ја чувствувате.
Здравје
Земајте повеќе вода.


Рак
Работа
Во комуникацијата со деловните партнери се очекуваат различни проблеми. Некој се обидува да ве убеди во своите добри намери, но јасно ви е дека работите изгледаат поинаку од она што го слушате во блиската околина.
Љубов
Обидете се подобро да разберете нечија „емоционална слабост” или недостаток на храброст да одговори на сите ваши потреби што периодично се зголемуваат. Бидете потолерантни и трпеливи.
Здравје
Контролирајте го притисок.

Продолжува на следната страна…


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …