Џенифер Лопез не е загрижена поради гласините за љубовната афера на нејзиниот свршеник

Џенифер Лопез и нејзиниот свршеник, пензионираниот безбол играч, Алекс Родригез периодов се актуелни поради неговата наводна афера со Медисон Лекроа, ѕвезда од серијата „Јужњачки шарм“ (Southern Charm).

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)


Како што пренесува „Ентертејнмент тунајт“, според неименувани извори блиски до парот, „Родригез ја уверил Лопез дека не направил ништо лошо“, но таа не била баш среќна затоа што привлекле толкаво внимание околу тоа.
„Џенифер не е загрижена и не ѝ е гајле за гласините за Алекс и Медисон. Таа смета дека тоа е само ‘бучава’ и му верува на Алекс. Таа е толку вљубена во него“, изјавил неименуван извор.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Според втор, исто така, неименуван извор, на Џеј Ло ѝ пречи тоа што таа и нејзината врска се доведуваат во прашање поради гласините. Алекс претходно потврдил дека тие посетувале и терапија во советувалиште за љубовни врски.
Мислам дека тоа беше навистина корисно за нас во нашата врска – истакнал Родригез.

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …