(ФОТО) Се пријавила за работа па добила одговор кој ја РАСПЛАКАЛ: Писмото е ХИТ, а луѓето се збунети – „Дали е ова слатко или морбидно?“

Необичното одбивање на девојка која барала работа очигледно силно одекна и дошло до голем број корисници на социјалните мрежи, благодарение на работодавецот кој навистина се потрудил да не ја навреди несудената работничка.
Девојката останала „во солзи“ откако потенцијалниот работодавец и испратил многу детално одвивање на нејзината молба за работа. Киран, инаку, лондонска писателка споделила фотографија од писмото од компанијата во која девојката аплицирала за работа и вели дека е шокирана од нејзината содржина.
Иако ја одбил, работодавачот се потрудил да звучи благо и мотивирачки за понатамошната работа во животот. Младата жена го објавила писмото на Твитер, а набргу се проширило и на другите социјални мрежи. На кратко, луѓето не можат да одлучат дали писмото е симпатично или застрашувачко.
Откако и објаснил дека не ја прифаќа бидејќи не е доволно квалификувана за работното место, работодавачот го продолжил писмото со зборовите: “Продолжете да се обидувате и да аплицирате. Никој не се сеќава на одбивањето, треба само едно ‘да’ од некого и сè ќе се промени“.


И тогаш станало уште подобро
Но, дури и овде, неименуваниот човек не запрел, туку ги навел сите познати лица кои некогаш биле одбиени.
„Битлси беа одбиени од директорот на ‘Дека рекордс’, Дик Роу, кој веруваше дека нема иднина за оваа музичка група. После првата мала улога на Харисон Форд, извршниот директор го однесе во неговата канцеларија и му рече дека никогаш нема да успее во филмската индустрија“, напишал тој.
„Мајкл Џордан беше исфрлен од средношколскиот тим за кошарка. Лејди Гага по три месеци беше исфрлена од издавачката куќа Island Def Jam. Џејмс Дајсон имаше 5.126 неуспешни прототипови на неговата ‘правосмукалка без ќеса’ пред да успее следниот“, продолжува писмото.
„По само еден настап, Елвис Присли беше отпуштен од Џими Дени, менаџер во Grand Ole Opry. Нека ова одбивање биде мала и заборавена ставка на патот кон вашето следно големо ‘да’ – она ​​што навистина е важно“, заклучил работодавачот.

Писмото стана вирално
Ова необично одбивање очигледно одекна силно и допре до голем број корисници на социјалната мрежа, а илјадници луѓе го споделија на своите профили.
Едно лице коментира: „Ова писмо е полошо од одбивањето“. Друг додал: “Дали е ова слатко или страшно? Не можам да одлучам”. На третиот, пак, несомнено му се допаднало писмото: „Лично, би се чувствувал многу подобро ако слушнав за неуспехот на Џејмс Дајсон!“

Фото:Принтскрин/Тwitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …