Денес роденден слави нашиот познат гитарист Драган Гиновски

Драган Гиновски – Гино е роден на 30 март 1967 година во Скопје. Тој е познат македонски музичар, најпознат како гитарист на музичката група Архaнгел и Темпера.

Гиновски дипломирал на Металуршкиот факултет во 1993 година. Слободното време го поминувал во поправка на гудачки инструменти. Соработувал со Горан Трајковски, Александар Вељанов, Moons, Mooger-fooger, V.I.S. Vox.


На возраст од 15 години тој ја формирал групата „Gino de Gagi“. Во 1988 година, заедно со Ристо Вртев и Дејан Аргировски-Ушко го основал македонскиот бенд Архангел. Во Архангел бил до 2011 година, кога се приклучил на Темпера.

Оженет е со пејачката Андријана Јаневска. Двојката има два сина, Димитар (2011) и Кристијан (2015). Сопственици се на музичкото студио Гиновски.


Среќен роденден Гино, ти посакува редакцијата на Екран.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет работи можат да ви го продолжат животот и да ве направат среќни

Прашањето за среќата е една од најголемите задачи на секој поединец денес Среќата ја бараме …